Цените на угостителските услуги во јули бележат зголемување од 1,1 процент во споредба со претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според официјалните податоци, најголем фактор за овој месечен раст се цените на ноќевањата, кои во јули пораснале за 5,6 проценти во однос на јуни. Во истиот период, цената на храната забележаа благо зголемување од 0,2 проценти, додека цените на алкохолните и безалкохолните пијалаци останаа непроменети.
Споредено со истиот месец од претходната година, угостителските услуги во јули се поскапи за 3,2 проценти.
За периодот јануари-јули цените во угостителството пораснале за 2,9 проценти во споредба со истиот период од лани. Дополнително, споредено со декември 2025 година, вкупното зголемување на цените во овој сектор изнесува 1,1 процент.

