УЈП: 22% од контролираните субјекти со утврдени неправилности, за 3 субјекти е воведена привремена забрана за вршење на дејност

УЈП: 22% од контролираните субјекти со утврдени неправилности, за 3 субјекти е воведена привремена забрана за вршење на дејност

Во периодот од 25.08.2025 - 31.08.2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 90 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови, хотели, бутици, бензиски пумпи и други трговски објекти за продажба на мало.

Контролите се иницирани претежно по пријави од граѓани преку телефонскиот број 198 и се реализирани во координација со други државни институции. Дополнително, инспекциски надзори се спроведени и на музички и забавни настани со цел да се поттикне транспарентност, да се заштитат правата на потрошувачите и да се охрабрат даночните обврзници да ги почитуваат законските обврски.

Од 90 контролирани субјекти, кај 70 не се утврдени неправилности, а кај 20 субјекти биле констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет.

За утврдените неправилности донесени се 20 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. За 3 субјекти поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).

На даночните обврзници каде со контролите за фискализација е утврден неевидентиран промет од страна на Управата за јавни приходи, им се укажува истиот да го евидентираат во книговодствената евиденција и соодветно да го прикажат во даночните пријави.

Кај даночните обврзници кои доброволно нема да ја усогласат својата книговодствена евиденција во насока на точно пријавување и плаќање на даночните обврски, Управата за јавни приходи ќе спроведе дополнителни надворешни контроли и ќе ги санкционира прекршителите на законските одредби.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.