Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор

Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор

Македонија го официјализираше своето приклучување кон Вертикалниот гасен коридор, со што направи значаен исчекор кон обезбедување посигурна енергетска иднина и диверзификација на изворите за снабдување со природен гас.

Според министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, ова поврзување со нови извори и снабдувачки правци овозможува географската положба на земјата да се претвори во стратешка предност за целиот регион.

Клачниот фокус на овој проект е ставен врз изградбата на гасните интерконектори со Грција и Србија. Овие нови инфраструктурни врски треба да овозможат поголема стабилност во снабдувањето и конкурентни цени за домаќинствата и за домашната индустрија.

Со реализацијата на овие проекти, Македонија ја менува својата позиција од крајна корисничка точка на гасниот систем и прераснува во активен транзитен коридор и енергетска врска меѓу регионот на југ и земјите од Централна Европа. Оваа модерна инфраструктура овозможува привлекување нови инвестиции и ја зацврстува улогата на државата како сигурен и стабилен партнер на регионалниот енергетски пазар.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.