Македонската економија со раст од 4,3% во вториот квартал, инвестициите скокнаа за 16,5%

Македонската економија со раст од 4,3% во вториот квартал, инвестициите скокнаа за 16,5%

Македонската економија во вториот квартал од 2026 година забележа реален раст од 4,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Растот е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, а според Министерството за финансии, позитивниот тренд е поддржан од повеќе сегменти на економијата.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека континуитетот на растот покажува оти економските политики даваат резултати, при што најави продолжување на инвестициите, капиталните проекти и поддршката за приватниот сектор.

Бруто-инвестициите во вториот квартал се зголемиле за 16,5%, додека извозот на стоки и услуги е повисок за 10,4%.

Најизразен раст е регистриран во градежништвото, кое во вториот квартал пораснало за 21,9%. Позитивни движења има и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и угостителството.

Растот од 4,3% е остварен во услови на умерена економска активност во Европа, глобални неизвесности и геополитички ризици.

Според податоците наведени од Министерството за финансии, македонскиот економски раст во вториот квартал е значително над просекот на Европската Унија од 1,2% и еврозоната од 1%.

Димитриеска-Кочоска посочи дека економијата постепено ја зголемува динамиката на раст, но оцени дека постигнатото не е доволно и дека фокусот треба да остане на инвестициите, капиталните проекти и создавањето услови за домашни и странски инвестиции.

„Од раст од 1,6% во првиот квартал од 2024 година, денес сме на 4,3%. Тоа значи дека не зборуваме за еден добар квартал, туку за континуитет, за економија која расте и постепено добива сила“, истакна министерката за финансии.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.