Штипската болница ќе добие медицинска опрема во вредност од 500.000 долари од Обединетата македонска дијаспора

Штипската болница ќе добие медицинска опрема во вредност од 500.000 долари од Обединетата македонска дијаспора

Министерот за здравство Сашо Клековски оствари средба со Арџи Белио, претседавач на Бордот на Обединетата македонска дијаспора (UMD). На средбата е разговарано за можностите за продлабочување на соработката меѓу институциите во Македонија и македонската дијаспора, со фокус на конкретни проекти и иницијативи од заеднички интерес.

На средбата се разговараше за административната и логистичката поддршка потребна за реализација на донацијата на медицинска опрема од ОМД за Клиничката болница во Штип. Вредноста на донацијата е 500.000 американски долари, а беа разгледани и чекорите за нејзина реализација.

ОМД ја најави и M-Link, глобална професионална платформа чија цел е да ги поврзе Македонците ширум светот и да создаде нови можности за професионална и деловна соработка меѓу дијаспората и Македонија.

Платформата треба да овозможи подобро поврзување на професионалци и бизнис-заедницата од дијаспората со луѓе и организации во земјата.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.