По повод 5 Октомври, Светскиот ден на учителот, Општина Кисела Вода организираше неформален настан на кој беа доделени признанија за 18 најуспешни просветни работници од сите основни училишта на нејзината територија. Наградите се доделуваат како признание за нивниот труд, стручност и посветеност во образовниот процес и работата со младите генерации.
Изборот на најдобрите наставници се спроведе транспарентно преку јавен оглас и стручна комисија, а клучни критериуми беа постигнатите успеси на учениците на државните натпревари, како и сертификатите за континуирано стручно усовршување на наставниците.
На настанот беше истакнато дека Општина Кисела Вода продолжува да го вреднува квалитетот во образованието и да обезбедува подобри услови за работа на наставниот кадар. Признанието „Најдобар наставник за 2026 година“ го добија:
Гордана Арсовска од ООУ „Круме Кепески“, потоа Елизабета Митревска, Мимоза Митиќ, Маја Михаиловска и Велика Миленковска од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, како и Сашка Стефановска Морски, Марија Велковска и Благоја Кечовски од ООУ „Кузман Шапкарев“. Меѓу наградените се и Гордана Ристеска Лукрис од ООУ „Кузман Јосифовски Питу“, Маја Трајковиќ, Тања Калинска и Тони Патровски од ООУ „Невена Георгиева Дуња“, Магдалена Бадарова и Маја Грнчиштанова од ООУ „Рајко Жинзифов“, како и Виолета Трпевска, Наташа Старделова, Јасмина Лакинска и Валентина Кикеркова од ООУ „Св. Климент Охридски“.

