Две девојки намамиле човек за средба, потоа двајца мажи го претепале и ограбиле

Две девојки намамиле човек за средба, потоа двајца мажи го претепале и ограбиле

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) поведе истрага против четири лица – двајца мажи и две жени – поради сомнение за сторено кривично дело „Разбојништво“. Групата е осомничена дека со употреба на сила одзела 200.000 денари, мобилен телефон и лична карта од едно лице.

На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во “поубав и поевтин хотел”.

Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот, ги пречекале двајцата мажи кои биле во договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земјата, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторуваат делото. За една од осомничените жени која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

Следете ги најновите вести на Viber
Две девојки намамиле човек за средба, потоа двајца мажи го претепале и ограбиле