Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќањето на дел од комуналиите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќањето на дел од комуналиите

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави спроведување на нова мерка за поддршка при решавањето на станбеното прашање за младите семејства. Согласно донесената одлука, младите брачни парови на возраст до 40 години, како и самохраните родители кои градат сопствен дом во опфатот на Генералниот урбанистички план, ќе бидат целосно ослободени од плаќање на делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште што му припаѓа на Градот, што изнесува 60 проценти од вкупните комуналии.

Ѓорѓиевски посочи дека овој модел претходно е успешно воведен во Општина Кисела Вода, а сега се пренесува како системска мерка на ниво на Град Скопје. Со намалувањето на финансискиот товар за 60 проценти при издавањето одобренија за градење, градот има за цел да им овозможи на младите семејства полесен почеток и пренасочување на заштедените средства кон уредување на домот.

За обезбедување максимален ефект од оваа мерка, градоначалникот упати апел до сите градоначалници на скопските општини да се приклучат кон иницијативата преку ослободување и од преостанатите 40 проценти од надоместокот кои им припаѓаат на локалните општини. Доколку општинските совети ја прифатат иницијативата, младите парови и самохраните родители ќе остварат целосно ослободување од плаќање комуналии во износ од 100 проценти.

Мерката ќе стапи во сила веднаш по нејзиното објавување во службеното гласило, по што образецот за аплицирање и условите за остварување на правото ќе бидат јавно достапни на официјалната веб-страница на Град Скопје.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.