Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје по рекордот во пештерата Врело

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје по рекордот во пештерата Врело

Советот на Град Скопје донесе одлука за прогласување на полскиот нуркач Бартломиеј Питала за почесен граѓанин на Градот Скопје. Признанието му се доделува за остварениот историски спортски и истражувачки подвиг за време на меѓународната експедиција „Врело 2026“, во чии рамки Питала се спушти на длабочина од 338 метри под водата во подводната пештера Врело на Матка.

Со постигнувањето на оваа длабочина, остварено во соработка со нуркачки тимови од Македонија, Полска и Италија, пештерата Врело официјално стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, посочи дека овој успех претставува значаен придонес за меѓународната промоција на природните убавини на македонската престолнина. Според него, поставениот рекорд отвора нови можности за привлекување туристи, нуркачи и научни истражувачи од целиот свет.

Ѓорѓиевски од свое име и од името на Советот изрази благодарност до Питала и целата експедиција, истакнувајќи дека доделувањето на титулата почесен граѓанин е израз на почит за промоцијата на градот и поместувањето на границите во подводните истражувања.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.