Досега се откупени над 1,7 милиони килограми тутун по просечна цена од 419 денари

Досега се откупени над 1,7 милиони килограми тутун по просечна цена од 419 денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска изврши увид во откупот на тутун во прилепскиот регион и информираше дека откупот на тутун од годинешната реколта е во полн ек, при што најголем дел од компаниите веќе започнале со откуп.

Според најновите податоци, досега се откупени 1,7 милиони килограми тутун низ државата, со просечна откупна цена од 419 денари по килограм.

Ова претставува зголемување за 19 до 20 денари во однос на минатогодишната просечна цена која изнесувала 400 денари.

„Од тие над еден милион килограми (според податоците од претходните денови), околу 967.000 килограми се откупени како прва категорија, а многу мала количина како втора и трета категорија.“ - изјави министерот Трипуновски.

Од пријавените 320 откупни пунктови низ државата, заклучно со вчерашниот ден, отворени се 207.

Министерот нагласи дека очекува оваа откупна сезона да заврши навремено и со правилно вреднување на класите на тутунот. Тој додаде дека тутунарите оваа година добија државна поддршка за зелена нафта со значајна литража, што сериозно влијае на намалување на производните трошоци.

Министерството ќе го следи целиот процес на откуп, а крајниот рок за завршување на откупот е крајот на февруари.

Следете ги најновите вести на Viber
Досега се откупени над 1,7 милиони килограми тутун по просечна цена од 419 денари