Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која 1 јануари 2026 година се намалуваат надоместоците за користење на електродистрибутивниот и преносниот систем.
Надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64%, надоместокот за користење на преносниот систем на МЕПСО се намалува за 2,67%, а намалување има и кај цената на МЕМО од 3,40%.
„Со денешната одлука, сите елементи кои ја сочинуваат крајната цена се познати: цена и количина по која е набавена електричната енергија, услугите на мрежните оператори, затворени се и набавките за загуби. Сега останува универзалниот снабдувач - ЕВН ХОМЕ, под наш надзор да направи пресметка и да се објават финалните цени по блокови.“ - изјави директорот Бислимоски.
Делот од крајната цена што го регулира РКЕ има влијание од околу 36%. Во структурата на цената, надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем учествува со околу 33%, додека надоместокот за преносниот систем учествува со околу 4%. Цената на МЕМО има незначително учество од околу 0,19% во крајната цена.