Општина Гази Баба ќе постави спомен-плоча во чест на жртвите од поплавите во 2016 година

Општина Гази Баба ќе постави спомен-плоча во чест на жртвите од поплавите во 2016 година

По девет години од катастрофалните поплави, градоначалникот Бобан Стефковски најави иницијатива за поставување спомен-плоча во чест на жртвите. Оваа иницијатива доаѓа во пресрет на десетгодишнината од трагедијата, која ќе се одбележи следната година.

Во својата изјава, Стефковски истакна дека 6 август 2016 година е ден што засекогаш го променил животот на жителите од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Ченто, Брњарци, Црешево и Смилковци. Тој нагласи дека трагедијата, иако донесе болка и загуба, истовремено ја покажала и големината на човечноста и солидарноста на граѓаните.

Спомен-плочата ќе биде поставена следната година, 2026, кога општината ќе одбележи и 50 години од своето постоење. Според градоначалникот, оваа плоча ќе биде вечен паметник не само на трагедијата, туку и на храброста, солидарноста и човечноста. Тој ги повика сите граѓани, институции и организации да се вклучат во оваа иницијатива.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.