„Фабрика Карпош“ оствари 10 милиони евра приходи и добивка од околу 710 илјади евра во првата половина од годината

„Фабрика Карпош“ оствари 10 милиони евра приходи и добивка од околу 710 илјади евра во првата половина од годината
Сподели:

Компанијата „Фабрика Карпош“ АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат со бруто-добивка од околу 710 илјади евра во периодот од 1 јануари до 30 јуни, покажува неревидираниот Биланс на успех.

Во првите шест месеци од годинава, компанијата оствари вкупни приходи во износ од околу 10 милиони евра. Најголемо учество во нив имаат оперативните приходи, кои сочинуваат над 98 проценти од вкупните приходи и речиси целосно се реализирани на домашниот пазар. Финансиските приходи учествуваат со незначителен удел во вкупната структура.

Вкупните расходи во првото полугодие изнесуваат околу 9 милиони евра. Најзначаен дел од оперативните расходи се трошоците за кооперантски услуги, кои достигнаа околу 3,9 милиони евра, додека финансиските расходи бележат умерен пораст поради користење кредити за инвестиции.

Компанијата продолжи со модернизација и набавка на нова опрема, машини и транспортни средства, како и со доизградба и опремување на новиот производствен погон во индустриската зона Илинден, со цел зголемување на капацитетите и ефикасноста.

Заклучно со 30 јуни, вкупните обврски по основ на кредити и лизинг изнесуваат околу 2,17 милиони евра и покажуваат тренд на намалување. Кредитите заземаат мало учество во вкупната пасива, што укажува на ниско ниво на задолженост.

Во текот на 2026 година не е донесена одлука за исплата на дивиденда на акционерите. Раководството најавува дека во второто полугодие фокусот ќе биде ставен на интензивирање на договорите и зголемување на обемот на продажба.