Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2% во однос на одлуката од 29.09.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,509% и кај дизелот за 3,632%, кај екстра лесното масло за 3,791% и кај мазутот намалувањето е за 3,998%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3395%.
Од 7.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-95) - 74,00 (денари/литар).
- Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-98) - 76,00 (денари/литар).
- Дизел гориво (ЕУРОДИЗЕЛ БС) - 68,50 (денари/литар).
- Масло за горење (Екстра лесно 1) 68,00 (денари/литар).
- Мазут (М-1 НС) - 36,660 (денари/килограм).
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,931 ден/кг и сега изнесува 36,660 ден/кг.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.10.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.