Во првите седум месеци Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија и Кина

Во првите седум месеци Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија и Кина

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – август 2025 година, изнесува 325милиони денари и бележи пораст од 1.8% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2025 година, изнесува 464 милиони денари, што е за 2.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализатори со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење на возила, авиони или бродови и делови за седишта.

Во увозот најмногу се застапени: нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платина, легури на платина и електрична енергија.

Во периодот јануари – август 2025 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.7% во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.8% во вкупната размена.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.