Во септември се санкциониарни 161 лице за непрописно вградени фолии на возилата

Во септември се санкциониарни 161 лице за непрописно вградени фолии на возилата

Во периодот од 1 до 30 септември 2025 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акција за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат прописите за затемнување на стаклата на своите возила. За еден месец, санкционирани се вкупно 161 учесници во сообраќајот.

Овие санкции се резултат на сообраќајните контроли кои беа спроведени на територијата на цела држава. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци, а контролите ќе продолжат и во наредните денови.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се обезбедат побезбедни патишта и да се спречи можноста за сообраќајни несреќи.

Во септември се санкциониарни 161 лице за непрописно вградени фолии на возилата