Приведен 30-годишен скопјанец затекнат при разбојничка кражба во продажен објект на Бит Пазар

Приведен 30-годишен скопјанец затекнат при разбојничка кражба во продажен објект на Бит Пазар

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 21:10 часот, на подрачјето на Бит Пазар, го лишија од слобода Х.Ј. (30) од Скопје. Тој се сомничи дека во продажен објект одзел производи, по што бил забележан од вработениот кој се обидел да го спречи во намерата. При обидот за бегство, Х.Ј. физички го нападнал вработениот во објектот.

По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава против осомничениот.

Пријавата ќе биде поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ согласно член 238 од Кривичниот законик.

Полицијата продолжува со преземање на сите потребни мерки за расчистување на настанот и соодветно процесирање на случајот пред надлежните правосудни органи.