Се реконструираат 1,7 километри од регионалниот пат Жилче-Лешок во Општина Јегуновце

Се реконструираат 1,7 километри од регионалниот пат Жилче-Лешок во Општина Јегуновце

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), во соработка со ЈП „Македонијапат“, реализира градежни активности за унапредување на патната инфраструктура на делницата Жилче-Лешок, која е дел од регионалниот пат Р29274 Шемшево-Жилче-Лешок. Првично за овој проект беа предвидени 20 милиони денари преку Програмата за одржување на државните патишта, а за целосно завршување на планираните работи ќе бидат обезбедени дополнителни 4 милиони денари.

Досега се завршени 1.250 метри од патот, каде што е извршено проширување на коловозот со тампонирање и асфалтирање со просечна ширина од 6,1 метар, при што се вградени 600 метри кубни тампон и 1.250 тони асфалт. Во следните денови градежните работи продолжуваат на дополнителни 450 метри со уште 400 тони асфалт, со што вкупно ќе бидат обновени 1.700 метри од делницата со вградени 1.650 тони асфалт.

Директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, и градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, извршија увид на терен и се запознаа со динамиката и напредокот на градежните активности што ги изведува ЈП „Македонијапат“.

Модернизацијата на оваа патна делница значително ќе ја зајакне безбедноста на сообраќајот и ќе овозможи подобра поврзаност меѓу населените места во Општина Јегуновце и поширокиот Полошки Регион.