АХВ заплени ореви и кикирики со непознато потекло во Чучер-Сандево

АХВ заплени ореви и кикирики со непознато потекло во Чучер-Сандево

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето на општина Чучер-Сандево.

При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка се најдени и 900 килограми индиски ореви со декларација.

Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени.

Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите. На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека ќе продолжат со спроведување на засилени контроли на терен, со цел спречување на пласман на небезбедна храна и заштита на здравјето на потрошувачите.

Следете ги најновите вести на Viber
АХВ заплени ореви и кикирики со непознато потекло во Чучер-Сандево