Кавадарци добива нова зимска атракција: „Кожувска Панорама“ со нова скијачка патека и ски-лифт

Кавадарци добива нова зимска атракција: „Кожувска Панорама“ со нова скијачка патека и ски-лифт

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска ја објави изградбата на голем проект кој значително ќе го зајакне зимскиот туризам во регионот.

Во Ски-центарот „Михајлово“ на планината Кожув, се гради новата атракција наречена „Кожувска Панорама“.

Според најавата, се работи на изградба на нова скијачка патека долга 1.200 метри на надморска височина од 1.400 метри, заедно со нов ски-лифт и уште две дополнителни ски-стази.

Според градоначалникот Јанчев, ова е силен развоен чекор за зимскиот туризам и планинските спортови во регионот, со што Кавадарци станува задолжителна зимска дестинација.

Пуштањето во употреба на новата „Кожувска Панорама“ е планирано за 1 јануари 2026 година, со што ќе може да се користи во претстојната зимска сезона.

Следете ги најновите вести на Viber