Македонскиот производител на сокови „Вивакс“ објави податоци за откупот и преработувачките капацитети на суровини од домашно потекло. Според информациите од компанијата, секоја година се откупуваат и преработуваат околу 1.500 тони јаболка кои потекнуваат директно од овоштарниците во преспанскиот регион.
Во производствениот процес на компанијата главно се застапени сортите Ајдарет, Златен Делишес и Црвен Делишес. Преку континуираниот откуп на свежо овошје, „Вивакс“ остварува директна соработка со локалните земјоделски производители од тој регион.
Од компанијата истакнуваат дека ориентираноста кон домашните земјоделски капацитети претставува стратешка определба за развој на македонското земјоделство и прехранбениот сектор.
Соработката со локалните земјоделци обезбедува стабилен пласман за преспанскиот регион, додека на производствениот процес му обезбедува стандардизиран квалитет на суровините за финалните прехранбени производи.

