Општина Кавадарци подготвува нов инфраструктурен проект за директна врска со автопатот Е-75

Општина Кавадарци подготвува нов инфраструктурен проект за директна врска со автопатот Е-75

Општина Кавадарци, во соработка со Градежниот факултет во Скопје и професорите од Катедрата за патишта, започна активности за изнаоѓање ново сообраќајно решение за поврзување на градот со коридорот Е-75. Проектот предвидува спојување на Северниот булевар, градската обиколница и автопатот, со цел подобрување на протокот на сообраќајот и зголемување на патната безбедност во регионот.

Во рамките на оваа соработка, на Градежниот факултет беше одбранет магистерскиот труд на Душко Грозданов од Кавадарци, во кој се анализирани три можни варијанти за поврзување на обиколницата со автопатот Е-75 преку клучката кај винаријата „Лазар“, како и со влезот во градот и Северниот булевар.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, посочи дека додека градската обиколница се наоѓа во завршна фаза на проектирање, Општината паралелно преминува кон разгледување на опциите за реализација на новото сообраќајно коридорско поврзување.

Следниот чекор на општинските служби ќе биде спроведување детална анализа на понудените три варијанти од магистерскиот труд, по што Општина Кавадарци ќе донесе одлука за избор на најповолната траса за изработка на конечниот проект и почеток на градежните активности.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.