Потврдено постоењето на доцноантички мозаик на локалитетот Пеленица кај Драчево

Потврдено постоењето на доцноантички мозаик на локалитетот Пеленица кај Драчево

Археолошките истражувања кои НУ Национален археолошки музеј ги започна на 28 октомври резултираа со потврда на историските податоци за постоење мозаик на локалитетот Пеленица во близина на скопската населба Драчево. За време на ископувањата е откриен доцноантички полихромен мозаик изработен во техниката opus tessellatum, како и керамички артефакти и монета кои датираат од истиот временски период.

Откриениот дел од мозаикот засега е регистриран на периферните делови од истражуваната површина, а финалните анализи треба да го дефинираат неговиот целосен обем и архитектонскиот контекст на објектот. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Општина Кисела Вода, во соработка со НУ Конзерваторски центар - Скопје и со поддршка од црквата „Св. Спас“ во Драчево.

Археолошкиот локалитет го посетија градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, директорката на Националниот археолошки музеј, Магдалена Манаскова, и пратеничката Велика Стојкова Серафимовска.

Стручната екипа ја предводи м-р Радомир Ивановиќ, виш кустос во Музејот, заедно со археолози и конзерватори од Археолошкиот музеј, Конзерваторскиот центар - Скопје и Институтот за старословенска култура - Прилеп. Според најавите, на локалитетот следува спроведување геофизички истражувања во дворот на манастирскиот комплекс, додека за следната година е планирана реализација на соодветни конзерваторски зафати за заштита на пронајдоците.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.