Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, денеска оствари работна средба со Франциско Мадеира, директор на компанијата „Линамар Македонија“, која успешно работи во рамките на ТИРЗ Скопје 2.
На состанокот е разговарано за унапредувањето на досегашната соработка, разгледувањето на тековните оперативни активности на компанијата и потенцијалите за нејзин понатамошен развој и проширување во технолошките зони.
За време на разговорите, директорот Димовски ја истакна цврстата определба на ДТИРЗ за градење долгорочни и стабилни партнерства со постојните странски инвеститори. Тој нагласи дека институционалната поддршка, навременото препознавање на потребите на компаниите и создавањето поволни услови за работа се клучни фактори за обезбедување одржлив економски раст.
Од своја страна, Франциско Мадеира ги претстави актуелните процеси и резултати од работењето на „Линамар Македонија“, при што беше поздравена праксата на континуиран дијалог со институциите во насока на оптимизација на деловното опкружување и отворање нови можности за развој.

