Продолжува растот на цените во угостителството

Продолжува растот на цените во угостителството

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, во текот на месец март оваа година е забележан благ пораст на цените на угостителските услуги од 0,1% во споредба со претходниот месец.

Ова зголемување во најголема мера се должи на растот на цените кај групата Храна, кој изнесува 0,2%, додека кај алкохолните и безалкохолните пијалаци, како и кај услугите за ноќевања, цените останале на истото ниво како во февруари.

Гледано на годишно ниво, цените на угостителските услуги во март 2026 година се за 2,4% повисоки во однос на истиот месец минатата година.

Статистичките податоци за првиот квартал од годината покажуваат дека во периодот јануари-март оваа година угостителските услуги поскапеле за 3% во споредба со истиот период лани, додека растот во однос на декември 2025 година изнесува 0,4%.

Асоцијација (08 април 2026)