Фармацевтската компанија „Реплек“ АД оствари раст на продажбата на домашниот пазар од 20 отсто.
Во првите три месеци од годината, компанијата во сегментот фармација оствари вкупни продажби во износ од 7,2 милиони евра, од кои 2,2 милиони евра се реализирани во земјава, додека 5 милиони евра отпаѓаат на извозните пазари.
Вкупните продажби во фармацијата се за 8 отсто пониски од лани поради поместување на дел од извозните испораки кон вториот квартал, но побарувачката на странските пазари останува стабилна.
Финансиските остварувања и стабилното работење овозможија компанијата да ги награди своите акционери со зголемена дивиденда, која е за 25 отсто повисока во споредба со претходниот период.






