Живко Мукаетов го зголеми својот акционерски удел во „Алкалоид“

Живко Мукаетов го зголеми својот акционерски удел во „Алкалоид“

Првиот човек на македонската фармацевтска компанија „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, продолжува со купување на акции во компанијата.

Според официјалната објава на Македонската берза, претседателот на Управниот одбор и генерален директор на друштвото реализирал ново купување на хартии од вредност.

Трансакцијата е евидентирана со датум на порамнување 06.04.2026 година, при што Мукаетов се стекнал со дополнителни 200 обични акции.

Со оваа најнова аквизиција, неговото вкупно портфолио во компанијата достигна 131.500 обични акции, што претставува учество од 9,19% во вкупниот број на издадени акции од страна на „Алкалоид“.

Асоцијација (08 април 2026)