Исплатени над 407 милиони денари субвенции кон 8000 земјоделци

Исплатени над 407 милиони денари субвенции кон 8000 земјоделци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на денешната прес-конференција соопшти дека се исплатени над 407 милиони денари кон речиси 8.000 земјоделци. Исплатата е наменета за поддршка на градинарските култури и сточарскиот сектор.

Според изјавата на министерот, 259 милиони денари се исплатени на 4.143 земјоделци кои предале градинарски култури во преработувачки капацитети во текот на мај-јуни и ноември-декември 2024 година, во рамки на Програмата за финансиска поддршка за 2024 година. Субвенциите изнесуваат 3 денари по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперката од сортата куртова капија, каде исплатата е 5 денари по килограм.

Истовремено, извршена е исплата од над 147 милиони денари кон 3.686 земјоделци за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Оваа поддршка се однесува на периодот јануари-март 2025 година, а висината на директните плаќања е 6 денари по литар за кравјо млеко и 7 денари по литар за овчо и козјо млеко.

Министерот истакна дека овие исплати ја потврдуваат посветеноста на Министерството кон развојот на македонското земјоделство. Од почетокот на мандатот, исплатени се над 11 милијарди денари кон земјоделците, што е доказ за континуираната поддршка на секторот.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.