Сицилија ќе се поврзе со копнениот дел на Италија со мост кој ќе чини 13,5 милијарди евра

Сицилија ќе се поврзе со копнениот дел на Италија со мост кој ќе чини 13,5 милијарди евра

Италијанската влада даде конечно одобрување за изградба на мост над Месинскиот теснец вреден 13,5 милијарди евра, кој ќе ја поврзе Сицилија со копнениот дел на Италија. Проектот е дебатиран уште од крајот на 1960-тите, но беше стопиран поради огромната цена на чинење и трусното подрачје.

Според проектот, мостот над Месинскиот теснец ќе има должина од 3,6 километри и ќе се протега меѓу две кули високи 400 метри, со две железнички линии во средината и по три сообраќајни ленти на двете страни.

Министерот за транспорт Матео Салвини, истакна дека целта е мостот да се заврши меѓу 2032 и 2033 година. Тој исто така изјави дека мостот ќе отвори 120.000 работни места годишно и ќе донесе економски раст во јужниот дел на Италија.

Мостот ќе биде граден од компании од Италија, Шпанија и Јапонија.

Оваа недела еколошките здруженија поднесоа жалба до ЕУ, укажувајќи на сериозни ризици за локалната животна средина.

Сицилија ќе се поврзе со копнениот дел на Италија со мост кој ќе чини 13,5 милијарди евра