Приведени 14 мотоциклисти кои возеле без дозвола, одземени им се моторите

Приведени 14 мотоциклисти кои возеле без дозвола, одземени им се моторите
Сподели:

Полициски службеници во текот на вчерашниот ден спроведоа засилена акциска контрола на целата територија на државата, насочена кон прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. За време на акцијата, која се одвиваше од 17:00 до 23:00 часот, санкционирани беа вкупно 222 мотоциклисти.

Најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на некористење заштитна опрема, односно дури 186 возачи биле казнети бидејќи не носеле заштитна кацига за време на возењето.

Покрај сообраќајните санкции, контролата резултираше и со лишување од слобода. Вкупно 14 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело за безобѕирно управување со моторно возило по член 297-а од Кривичниот законик. Сите приведени управувале мотоцикли без возачка дозвола, а при акцијата беа одземени и 14 мотоцикли.

За време на акцијата се преземени мерки и за други неправилности, при што се санкционирани уште 197 други видови сообраќајни прекршоци.