Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2026 година, во споредба со јули 2026 година, бележи благо зголемување од 0,4 проценти. На годишно ниво, односно во споредба со истиот месец од минатата година, индексот на трошоците на живот во август бележи раст од 2,6 проценти, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,3 проценти.
Анализирано по категории, во август во однос на претходниот месец најголемо зголемување на трошоците е забележано во категоријата рекреација, спорт и култура за 3,1 процент, по што следуваат рестораните и услугите за сместување со раст од 2,5 проценти. Зголемување е евидентирано и кај личната нега, социјалната заштита и разновидните стоки за 0,6 проценти, храната и безалкохолните пијалаци за 0,5 проценти, покуќнината и опремата за домаќинствата за 0,4 проценти, како и кај домувањето, водата, струјата и горивата за 0,2 проценти.
Намалување на трошоците на животот на месечно ниво е забележано во секторот транспорт за 0,8 проценти и кај облеката и обувките за 0,3 проценти. Индексот на цените на мало во август во однос на јули изнесува 99,8.
Трошоците за здравствена заштита, алкохолни пијалаци, тутун, информации и комуникации, образование, како и за осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

