Приливот на странски директни инвестиции достигна 1,38 милијарди евра за две години

Приливот на странски директни инвестиции достигна 1,38 милијарди евра за две години
Сподели:

Во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година, приливот на странски директни инвестиции во Македонија достигна 1,38 милијарди евра, соопштија од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ). Оваа бројка претставува пораст од 86 проценти во споредба со анализираниот период од јуни 2017 до мај 2019 година.

Паралелно со вкупниот раст, регистрирано е значително зголемување и кај приливот на странски инвестиции по глава на жител, кој од претходните 405 евра порасна на 752 евра.

Од ДТИРЗ нагласуваат дека продолжуваат со активностите за унапредување на деловната клима, привлекување нови инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој.