Царинските службеници и мобилните тимови на Царинската управа во спроведени активности во текот на вчерашниот ден, 6 ноември 2025 година, запленија разновидна стока, вклучувајќи скапоцености, девизи, електронска опрема, тутунски производи и парфеми.
На Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на багаж на турски државјанин кој се подготвувал за излез од државата, пронајдени се вкупно 92 грама злато, составено од златни плочки со тежина од 53 грама и 11 златни монети со тежина од 39 грама. Вредноста на златото се проценува на 538 илјади денари.
Во одделен случај на истиот аеродром, при контрола на багаж на македонски државјанин кој допатувал од Лондон, запленети се два лаптопи и еден мобилен телефон од брендот „Apple“.
Мобилните царински тимови информираа дека се запленети вкупно 37.500 евра во два одвоени инциденти на граничниот премин Табановце при влез во државата. Во првиот случај, при личен претрес на српски државјанин во неговото возило со српски таблички, откриени се непријавени 24.000 евра во џебовите од јакната. По постапката, на патникот му биле вратени законски дозволените 10.000 евра, додека останатите 14.000 евра се привремено задржани.
Во вториот случај, на граничниот премин Блаце при излез од државата, во фиоката пред совозачкото седиште на автомобил со македонски таблички, откриени се непријавени 25.500 евра возило на македонски државјанин. Од оваа сума, на возачот му се вратени законските 2.000 евра за износ што резидент може слободно да го изнесе, а 23.500 евра се привремено задржани.
Дополнително, на граничниот премин Ново Село се откриени и други обиди за криумчарење. Во првиот случај, во багажникот на автомобил со бугарски таблички, пријавен за влез, пронајдени се 96 кутии цигари без акцизни маркички заедно со 10 ремени за прицврстување товар.
Во вториот случај на истиот премин, во багажникот на автомобил со македонски таблички, пријавен за влез, откриени се уште 24 ремени за прицврстување товар. Царинската управа наведе дека била запленета и стока како парфеми и детска облека со заштитени трговски марки.