Трипуновски: Исплатени над милијарда денари субвенции за овчарството, откупот на јагнето тече по рекордна цена

Трипуновски: Исплатени над милијарда денари субвенции за овчарството, откупот на јагнето тече по рекордна цена

Секторот овчарство бележи стабилност и зголемена поддршка, потврди денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, за време на работниот состанок во Прилеп со Сојузот на одгледувачи на овци и претставници на здруженијата. На средбата се дискутираше за тековниот откуп на јагнето, но и за идните стратешки чекори за развој на оваа значајна сточарска гранка.

Министерот информираше дека до овој момент се откупени и заклани околу 100.000 јагниња, при што се бележи значителен пораст на откупната цена во споредба со претходната година. Моменталната цена се движи околу 280 денари за килограм жива мера

Како клучен доказ за грижата кон сточарите, министерот го посочи навременото и целосно исплаќање на финансиската поддршка. Тој истакна дека веќе се исплатени субвенциите по грло овца за 2025 година, за што од државниот буџет се издвоени над милијарда денари.

Асоцијација (08 април 2026)