Гранит АД Скопје со известување до акционерите за исплата на дивиденда за 2025 година

Гранит АД Скопје со известување до акционерите за исплата на дивиденда за 2025 година

„Гранит“ АД Скопје преку Македонската берза упати известување до своите акционери со цел навремено комплетирање на потребните податоци за реализација на исплатата на дивидендата за 2025 година.

За таа цел, акционерите треба да достават податоци од својата трансакциска сметка, копија од лична карта и потпишана изјава која е дадена во прилог на официјалното соопштение на компанијата.

Од компанијата појаснуваат дека акционерите кои веќе подигнале дивиденда за претходните години немаат обврска повторно да ги доставуваат своите документи, доколку нивните податоци во меѓувреме останале непроменети и важечки.

Потребната документација акционерите можат да ја достават по пошта на адреса: ГД Гранит АД Скопје, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 8, Скопје, или пак во електронска форма на е-маил адресата investors@granit.com.mk со назнака „за дивиденда 2025 година“. Сите дополнителни информации околу процесот на исплата акционерите можат да ги добијат директно во компанијата на телефонскиот број 02/ 3 218 722.

Асоцијација (08 јули 2026)