МФ: Трансферирани нови 2,4 милиони евра за инвестиции во домашните компании

МФ: Трансферирани нови 2,4 милиони евра за инвестиции во домашните компании

Министерството за финансии изврши трансфер на нови 148,6 милиони денари, односно 2,4 милиони евра кон Развојната банка. Овие средства се наменети за директна поддршка на инвестициските циклуси во домашните претпријатија.

Со оваа последна трансакција, вкупната сума пласирана од централниот буџет во домашната економија за реализација на инвестиции достигна 14,5 милијарди денари, што е еднакво на 235,8 милиони евра. Инаку, вкупниот буџет предвиден за поддршка на домашните компании изнесува 250 милиони евра, додека целокупната вредност на овој инвестициски циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

Владините средства се пласираат до крајните корисници преку деловните банки под исклучително поволни услови со цел поттикнување на приватните инвестиции, сопствениот развој на фирмите и севкупниот економски раст. Кредитите се доделуваат со фиксна каматна стапка од 1,95% на годишно ниво, рок на отплата до 15 години и грејс-период до 3 години

Асоцијација (08 јули 2026)