Гувернерот Славески смета дека со раст на БДП од 5 до 6% годишно, Македонија може да го стигне нивото на ЕУ за 15 до 20 години

Гувернерот Славески смета дека со раст на БДП од 5 до 6% годишно, Македонија може да го стигне нивото на ЕУ за 15 до 20 години

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Њузмакс Балканс“ истакна дека со одржливи стапки на економски раст од 5 до 6 отсто годишно, земјава може значително да го скрати времето потребно за економска конвергенција со Европската Унија – од неколку децении на 15 до 20 години.

„Според сегашните податоци, БДП по глава на жител кај нас е на ниво од 42% од просекот на ЕУ. За побрзо затворање на тој јаз е потребен значително повисок раст од европскиот. Само со повисоки стапки на раст може да се движиме кон економска конвергенција“, нагласи гувернерот Славески.

Тој појасни дека клучот е во структурните реформи и продуктивните инвестиции – особено во човечки капитал, технологија, образование, здравство и инфраструктура – што би овозможило раст над потенцијалот од околу 4% годишно.

„Ако успееме да остваруваме раст од 5 или 6%, што е амбициозно, но остварливо, ќе можеме значително побрзо да ја постигнеме економската конвергенција со ЕУ“, изјави Славески.

Гувернерот оцени дека, иако растот во првиот квартал бил предводен од потрошувачката, позитивните сигнали од инвестициите, извозот и индустриското производство укажуваат на можност за повисоки стапки на раст во следниот период, со напомена дека светските ризици и натаму се значаен фактор.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.