ЈП „Национални шуми“ со финансиска поддршка од 48 милиони денари за набавка на нова механизација и опрема

ЈП „Национални шуми“ со финансиска поддршка од 48 милиони денари за набавка на нова механизација и опрема

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски потпиша договор за финансиска поддршка со директорот на ЈП „Национални шуми”, Здравко Трајанов, за инвестициони вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди во вкупен износ од 48 милиони денари.

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за инвестициони вложувања за набавка на механизација и опрема во шумарството и заштита од природни непогоди но не повеќе од 48.000.000 денари со вклучен ДДВ.

Со финансиските средства е предвидена набавка на:

- Специјална опрема за гасење на шумски пожари – пумпи.

- Градежни машини – Булдожери.

- Дизел – компресор комплет за потребите при изградба на патишта.

- Трактор со витло.

Оваа директна инвестиција има за цел модернизација на ЈП „Национални шуми” во делот на заштитата на шумите и ефикасното справување со природните непогоди.

ЈП „Национални шуми“ со финансиска поддршка од 48 милиони денари за набавка на нова механизација и опрема