Трајановски: Наскоро ќе пуштиме во употреба нова делница од автопатот Кичево-Охрид

Трајановски: Наскоро ќе пуштиме во употреба нова делница од автопатот Кичево-Охрид

Градежните активности на автопатот Кичево-Охрид се одвиваат со засилена динамика, а во наредниот период се очекува да биде пуштена во употреба уште една делница, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

„Се работи и се асфалтира на главната траса и пристапните патишта на дел од автопатот во изградба Кичево-Охрид. Очекувам дека со оваа динамика за краток период ќе пуштиме во употреба уште една делница“, изјави Трајановски.

Покрај асфалтирањето, активно се поставува еластична ограда, се бетонираат плочести и цевасти пропусти, се уредуваат клучки и натпатници и се поставува осветлување. Директорот нагласи дека изведувачите и подизведувачите работат „под полна пареа“.

Трајановски ја изрази својата благодарност до сите вклучени во реализацијата на овој значаен проект за Македонија.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.