СВР Битола уапси две лица за подметнување пожари во Македонски Брод и Долнени

СВР Битола уапси две лица за подметнување пожари во Македонски Брод и Долнени

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола лишија од слобода две лица кои се сомничат за предизвикување и подметнување пожари на отворен простор. За двата случаи, по нивно целосно документирање, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Првиот случај е регистриран вчера (7 август) точно во 12:00 часот во селото Грешница, општина Македонски Брод, каде што полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода 45-годишниот Г.С. од истото село.

Тој се сомничи дека во повеќе наврати претходно подметнувал пожари на отворено. Вчера околу 11:30 часот бил затекнат директно на дело како подметнува пожар на отворено подрачје сместено помеѓу селата Грешница и Слатина.

Вториот случај се случил истиот ден во 17:00 часот во селото Сарандиново, општина Долнени. Таму полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 76-годишниот Г.А. од Скопје. Лицето се сомничи за предизвикување пожари на отворен простор на тоа подрачје.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.