Трипуновски: Очекуваме рекордна берба на грозје, над 100 милиони килограми

Трипуновски: Очекуваме рекордна берба на грозје, над 100 милиони килограми

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, од Кавадарци најави рекордна берба на винско грозје. Според неговите изјави дадени на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, се очекуваат над 100 милиони килограми винско грозје, што е за 25 милиони повеќе во однос на ланската берба.

До 4 септември, веќе се откупени околу 30 милиони килограми, од кои 11 милиони килограми црвено винско грозје, а остатокот е бело. Министерот истакна дека оваа година има значителен прогрес во лозарството, што е резултат на посветеноста на Министерството на системите за наводнување.

Трипуновски додаде дека Владата и инспекциските служби ќе го следат откупот за да се спречат какви било законски отстапувања. На крајот, тој потенцираше дека Македонија е лидер во производство на квалитетно вино во светот.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.