МВР: Таксист со закана со остар предмет му одзел пари на патник од Кина

МВР: Таксист со закана со остар предмет му одзел пари на патник од Кина

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ноќеска, на 8 септември 2026 година, во 01:50 часот го лишија од слобода 29-годишниот А.К. од Скопје, веднаш по пријавувањето на кривично дело разбојништво на подрачјето на општина Аеродром.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот со своето приватно такси-возило го превезувал 26-годишниот Ј.Т. од Кина до бараната дестинација. По пристигнувањето, таксистот побарал поголема сума за превозот од реалната цена, а откако патникот одбил да плати, А.К. со закана со остар предмет му ги одзел парите.

По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава против сторителот за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.