Две лица се лишени од слобода за подметнат пожар на две товарни и едно патничко возило во Скопје

Две лица се лишени од слобода за подметнат пожар на две товарни и едно патничко возило во Скопје

Скопската полиција утрово, по брза акција, лиши од слобода двајца млади скопјани, Ф.Ц. (23) и И.Ц. (24), поради сомнение дека се сторители на подметнат пожар во скопската населба Аеродром, во кој изгореа три возила.

Инцидентот се случил на 08.10.2025 година, околу 02:20 часот, на паркинг просторот пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Пожарот зафатил две товарни возила („Ивеко“ и „Рено“) со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје и едно патничко возило („Опел“) со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп.

Противпожарната бригада на Град Скопје успеала да го изгасне пожарот во 02:50 часот.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција презеле мерки за пронаоѓање на сторителите. Двајцата осомничени, Ф.Ц. и И.Ц., биле лишени од слобода на булеварот „АСНОМ“.

Тие се задржани во полициска станица и се очекува против нив да бидат поднесени соодветни пријави, откако ќе се утврдат мотивите и причините за подметнувањето на пожарот.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.