Орце Ѓорѓиевски ветува изградба на културен дом „Есма Реџепова“ и нов фудбалски стадион во Шуто Оризари

Орце Ѓорѓиевски ветува изградба на културен дом „Есма Реџепова“ и нов фудбалски стадион во Шуто Оризари

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Шуто Оризари претстави низа капитални проекти и социјални мерки, истакнувајќи ја оваа општина како клучен дел од неговата визија за современо, рамномерно развиено и функционално Скопје.

Поголеми капитални проекти се изградба на Културен дом „Есма Реџепова” и нов фудбалски стадион.

Културниот дом „Есма Реџепова“ ќе биде изграден на местото на старото матично. Според Ѓорѓиевски, домот ќе биде посветен на театар, концерти, изложби, кино проекции и младински активности. Со именувањето, како што потенцираше кандидатот, се оддава посебна почит кон големата Есма Реџепова – амбасадор на ромската култура.

Во областа на спортот, новиот фудбалски стадион ќе биде современ комплекс со терен за голем фудбал, трибини, соблекувални и осветлување, наменет за спортување и развој на младите, но и за локални, регионални натпревари и општествени настани. Дополнително, Ѓорѓиевски најави и обнова на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, преку целосна реконструкција на терените и уредување на зелените површини, со цел центарот повторно да стане средиште на рекреацијата.

Други проекти од програмата предвидуваат финансиска помош и хуманитарни пакети за социјално загрозени семејства и поединци, психосоцијална поддршка и програми за образование и преквалификација и формирање на прифатни центри со 24-часовна грижа и програми за ресоцијализација, како помош за бездомниците повторно да се интегрираат во заедницата.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.