Македонската фармацевтската компанија „Алкалоид“ годинава го бележи своето 23. традиционално учество на CPHI (Convention on Pharmaceutical Ingredients), една од најпрестижните глобални платформи во фармацевтската индустрија. Годинашното 37. издание на овој реномиран настан се одржува од 6 до 8 октомври во Милано, Италија, обединувајќи повеќе од 62.000 професионалци и над 2.900 изложувачи од целиот свет.
Учеството на „Алкалоид“ на CPHI Milan 2026 се одвива во знакот на големиот јубилеј - 90 години од основањето на компанијата. Во фокусот на саемското претставување се ставени современите производствени капацитети, богатата палета производи и клучните развојни достигнувања на македонскиот бренд.
Тимот на „Алкалоид“, составен од 35 претставници од повеќе организациски сектори, во текот на трите саемски денови реализираше бројни состаноци со деловни партнери, добавувачи и потенцијални соработници. Главниот акцент беше ставен врз зајакнување на постојните соработки, создавање нови деловни можности и проширување на меѓународното присуство со водечките чинители во секторот.
Континуираната присутност на овие светски собири е дел од долгорочната стратегија на компанијата за следење на глобалните фармацевтски трендови, зајакнување на меѓународната конкурентност и воведување нови технологии и знаења како основа за одржлив развој.

