Животните трошоци се зголемени за 4,5% во однос на минатата година

Животните трошоци се зголемени за 4,5% во однос на минатата година

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека индексот на трошоците за живот во октомври 2025 година, во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 4,5%, додека индексот на цените на мало бележи годишно зголемување од 2,8%. Во однос на претходниот месец, е намален за 0,2%.

Поевтинување има во групата Транспорт за 6,1%, како и помали намалувања кај Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3% и Образованието, Рекреацијата и културата за 0,1%.

Зголемување на трошоците за живот во октомври е забележано во групите Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, како и Облека и обувки за 1,2%, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,3%, Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели за 0,2% и Здравје за 0,1%.

Трошоците за живот во групата Разновидни стоки и услуги остануваат непроменети. Индексот на цените на мало во октомври 2025 година, во однос на септември, изнесува 98,7.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.