Телеком ќе го брендира СЦ „Борис Трајковски“: Договорена соработка која ќе достигне до 1,45 милиони евра

Телеком ќе го брендира СЦ „Борис Трајковски“: Договорена соработка која ќе достигне до 1,45 милиони евра

Македонски Телеком АД - Скопје преку официјално соопштение информира за склучување на договор за соработка со кој во наредниот период ќе се изврши брендирање на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Склучувањето на Договорот за соработка е одобрено со одлука на Одборот на директори на Македонски Телеком уште на вонредниот состанок одржан на 21 април 2026 година. Оваа деловна соработка се класифицира како зделка со заинтересирана страна согласно членот 460-г од Законот за трговските друштва, со оглед на тоа што Владата се јавува како основач на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала, а воедно поседува и повеќе од 38% од вкупниот број акции со право на глас во Македонски Телеком.

Самиот договор е официјално потпишан на 8 јули 2026 година и е со важност од 36 месеци. Надоместокот предвиден за самата деловна соработка изнесува до 720.000 евра. Дополнително, Македонски Телеком ќе обезбеди и дополнителни средства наменети за брендирање и за спроведување на сите придружни комуникациски активности поврзани со реализацијата на проектот, со што вкупната инвестиција по овој основ ќе достигне вредност до 1.450.000 евра.

Асоцијација (08 јули 2026)