Индексот на трошоците на животот во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи зголемување од 4.4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.1 %.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, изнесува 0.2 %.
Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Ресторани и хотели за 2.1 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 %, Храна и безалкохолни пијалаци и Разновидни стоки и услуги за 0.6 %, Рекреација и култура за 0.3 % и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.
Во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3.1 %, Облека и обувки за 0.6 %, Здравје и Образование за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, изнесува 99.3.