Јакимовски со апел: Купувајте Винчини, да помогнеме на еден од најголемите македонски брендови да застане на нозе

Јакимовски со апел: Купувајте Винчини, да помогнеме на еден од најголемите македонски брендови да застане на нозе
Сподели:

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, упати апел до сите граѓани на Македонија да помогнат на компанијата „Винчини“, еден од најголемите домашни брендови. Преку социјалните мрежи, тој повика на солидарност и директна поддршка со купување на нивните производи.

„Купувајте Винчини – секое пакетче значи поддршка за фабриката и за стотиците семејства кои живеат од ова производство“, истакна Јакимовски.

Апелот на градоначалникот доаѓа во време кога компанијата се соочува со потешкотии откако дел од фабриката изгоре од голем пожар. „Винчини“ е познат производител на слатки и солени производи и долгогодишен столб на македонската економија. Со години обезбедува егзистенција за стотици семејства.

„Ајде сите заедно да бидеме солидарни да купуваме Винчини и да дадеме поддршка на оние на кои им е најпотребно“, порача тој.