Полицијата од Охрид уапси 52-годишен маж под сомнение дека намерно подметнал пожар на глисер, кој му припаѓал на неговиот брат. Инцидентот се случил на 9 септември 2025 година, околу 02:33 часот, во дворот на улицата „Даме Груев“ во Охрид.
Како што информираат од СВР Охрид, приведениот З.С. е осомничен дека го предизвикал пожарот, кој потоа се проширил и оштетил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“, сопственост на неговиот брат Ј.С. (45) од Охрид. За среќа, нема повредени лица, а пожарот бил брзо изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.
По приведувањето, З.С. бил задржан во полициска станица, каде во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.